Доктор - Специјалист по медицина на труд
Македонија
Администрација
Стручно
Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: ДОКТОР - СПЕЦИЈАЛИСТ ПО МЕДИЦИНА НА ТРУД
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование – Медицински факултет
- Уверение за специјалист по трудова медицина
- Лиценца за работа во дејноста издадена од Лекарска комора на Македонија
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност
- Да има општа здравствена способност
- Познавање на работа со компјутери
- Познавање на англиски јазик
Потребни способности и вештини:
- Организираност и одговорност
- Одлични комуникациски вештини
- Професионалност
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност
Компанијата нуди:
- Почетна плата 120.000 денари
- Одлични услови за работа и пријатна работна атмосфера
- Бенефити за вработени
- Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет"
- Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата
- Учество на различни настани: саеми, конференции и обуки
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.