Асистент на продажба - Скопје
Македонија
Аптеки
Самостојно
Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА - СКОПЈЕ.
За позицијата:
- Продажба на производите во делот за козметика и здрава храна
Потребни квалификации:
- Образование: ССС / ВСС
- Познавање на MS Office
- Познавање на Англиски јазик
- Комуникативност и преговарачки вештини
- Трудољубивост и доверливост
- Мотивација за работа во тим
Главни обврски и одговорности на позицијата:
- Прием и изложување на роба согласно пропишани процедури
- Внесување фактури
- Ориентираност кон потреби на купувачи
- Позитивен однос и убедливост во комуникацијата
- Примена на стандардите за работа
- Грижа за имиџот на фирмата
Што нудиме:
- Солидни месечни примања + стимулативен варијабилен дел во зависност од остварувањата
- Програма за препораки „Биди и ти награден за нов член во нашата компанија“
- Бенефити за вработени
- Учество на различни настани: саеми, конференции и обуки
- Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет"
- Можност за професионален развој и надоградба
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
Пријави се