Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!

 

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позицијаРАЧЕН ПАКУВАЧ

 

Посакувани квалификации:

  • ССС/ ВСС
  • Претходно искуство ќе се смета за предност
  • Познавање и користење на опрема за складирање
  • Логичко размислување
  • Самостојност во работата
  • Високо ниво на одговорност, прецизност, посветеност
  • Комуникативност, доверливост, тимски работник
  • Физичка издржливост

 

Одговорности:

  • Пакување на производи во кутии наменети за аптеки согласно ВМС системот користејќи безжични апарати за следење што треба да се спакува и евидентира согласно нарачките во системот
  • Обезбедува спакуваните кутии по аптека да бидат соодветно наполнети со производи во согласност на нарачката во системот и да бидат поставени на локацијата наменета за тоа во рамките на магацинот
  • Гарантира соодветно евидентирање на декларациите со апаратот од местото од каде го подигнал производот за да го спакува во кутијата наменета за аптеката за која го работи поставената фактура во системот, а која ја гледа во системот преку неговиот апарат
  • Водење грижа за безбедна и чиста работна средина, полици, палети и сл
  • Вршење на сродни задачи

 

Што нудиме:

  • Плата 30.000 + бонус
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)

 

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик или јавете се за повеќе информации на 078 260 835.

 

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

FledgeHR © 2024
Cookie consent Политика за приватност