Овластен сметководител
Македонија
Развој
Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование од областа на економски науки
- Лиценца за Овластен сметководител
- Минимум 4 години работно искуство
- Искуство во материјално – финансово сметководство
- Одлично познавање на MS Office пакетот, посебно Excel
- Висока работна етика, доверливост и одговорност кон доверените работни задачи
Главни одговорности:
- Извештај за табели со доспеани побарувања на коминтенти
- Изработка на финансиски и сметководствени извештаи за надлежни институции
- Наплата на побарувања
- Книжни писма и партиципации
- Подготовка и контрола на ДДВ пријави
- Подготовка на годишна сметка
Што нудиме:
- Стимулативна плата и бенефиции
- За најдобрите вработени – наградно патување
- Исплата на сите додатоци на плата
- Континуирано усовршување и напредок
- Работа во професионална средина и тимски дух
- Работно време: Понеделник – Петок (флексибилно работно време)
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
Пријави се