Спремач на пратки - Пикер

Македонија
Магацин
Почетничко

Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!

 

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позицијаСПРЕМАЧ НА ПРАТКИ - ПИКЕР.

 

 

 Потребни квалификации:

  • Средно образование
  • Основно познавање од работа со компјутер
  • Флексибилност и подготвеност за тимска работа
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност

 

Основни задачи и одговорности:

  • Прием, контрола и редење на роба
  • Спремање на нарачки
  • Прецизност и точност во извршувањето на работните задачи

 

Што нудиме:

  • Стимулативна плата и бенефиции
  • За најдобрите вработени - наградно патување (дестинација по избор)
  • Ментор за обука
  • Исплата на сите додатоци на плата
  • Најмалку 20 дена годишен одмор и регрес за годишен одмор
  • Континуирано усовршување и напредок
  • Пријатна атмосфера и тимски дух
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)

 

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик или јавете се за повеќе информации на 078 260 835.

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

Спремач на пратки Онлајн продажба
FledgeHR © 2024
Cookie consent Политика за приватност