Аналитичар на цени на пазар
Македонија
Администрација
Самостојно
Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: АНАЛИТИЧАР НА ЦЕНИ НА ПАЗАР.
Основни задачи и одговорности:
- Анализа на цените на пазарот
- Неделна проверка на цените во аптеки и маркети
- Анализа на активности во аптеки, маркети (акции, промоции)
- Посета на наши аптеки
- Споредување на процесот на интерни и екстерни нарачки за аптеките на компанија
- Обезбедување на целосна документација за регистрација и увоз на производи
- Воспоставување и одржување на редовна и професионална комуникација со сегашните и идните надворешни соработници
- Се грижи за следење на постоечки договори и промени кога за тоа ќе се јави потреба
- Подготовка на редовни извештаи и анализа на продажба, како и анализи и извештаи во договор со претпоставениот
- Деловна администрација на секторот (комуникација, организација на состаноци, координација)
Потребни квалификации:
- ВСС, VII степен на Економски Факултет - Е-бизнис претставува предност
- 1-2 години искуство во областа, анализа на продажба и администрација на продажба
- Одлично познавање на англиски јазик (задолжително)
- Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
- Возачка дозвола Б категорија - задолжително
Посакувани карактеристики:
- Развиени организациски, лидерски и комуникациски способности
- Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
- Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
- Професионален и позитивен однос
- Флексибилност за работа во динамична атмосфера
- Способност за тимска работа
Што нудиме:
- Солидна плата по договор
- Можност за професионален развој и надоградба
- Бенефити за вработени
- Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет"
- Програма за кариерен развој
- Учество на различни настани: саеми, конференци и обуки
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
Пријави се