Асистент на продажба - ортопедски помагала

Македонија
Продавница за ортопедски помагала

ЗЕГИН ДОО е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од: Асистент на продажба - ортопедски помагала - Скопје

Потребни квалификации:

  • Образование од медицински науки (средно медицинско)
  • Пожелно е познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Windows и MS Office

Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.

 Потребни вештини и способности:

  • Поседување комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
  • Претприемачки дух, стручна компетентност
  • Ориентираност кон потреби на купувачи
  • Позитивен однос и убедливост во комуникацијата
  • Трудољубивост и доверливост

Што нудиме:

  • Стимулативна плата
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Континуиран професионален развој
  • Настани и активности за добросостојбата на вработените (Employees wellbeing)

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

FledgeHR © 2025
Cookie consent Политика за приватност