Контролор во малопродажба
Македонија
Аптеки
КОНТРОЛОР – СКОПЈЕ
Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!
Го прошируваме нашиот тим – охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција:
КОНТРОЛОР (работна локација: Скопје)
Основни задачи и одговорности:
- Контрола и надзор на функционалноста на работењето на аптеките во регионот;
- Спроведување на редовни и вонредни контроли според неделен и квартален план;
- Проверка на залихи, прием на роба и точност на евиденцијата на производите;
- Следење на промотивните активности и продажните процеси;
- Водење на извештаи и документација од извршените контроли и нивно доставување до надредениот;
- Комуникација со раководители на аптеки и менаџери со цел идентификување на потреби и подобрување на работењето.
Посакувани карактеристики:
- Завршено средно образование (ССС);
- Минимум 2 години искуство на иста или слична работна позиција;
- Познавање на работа со MS Office и интернет;
- Возачка дозвола Б категорија – задолжително;
- Прецизност, одговорност и ефикасност во извршувањето на задачите;
- Добри комуникациски и организациски способности;
- Самоиницијативност, тимска работа и професионален однос кон колегите и клиентите;
- Подготвеност за теренска работа и патувања во рамки на регионот (Скопје).
Што нудиме:
- Солидна плата по договор;
- Можност за професионален развој и надоградба;
- Бенефити за вработени;
- Протокол за грижа на здравјето – „Здравјето на вработените е наш приоритет“;
- Програма за кариерен развој;
- Учество на различни настани: саеми, конференции и обуки.
Доколку сте одговорна, комуникативна и динамична личност која ужива во работа на терен и поседува професионални компетенции за успешно работење во оваа област, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
Пријави се