Менаџер за набавка на лекови, додатоци и медицински средства
Македонија
Комерција
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: Менаџер за набавка на лекови, додатоци и медицински средства
Потребни квалификации:
- Високо образование (фармација, медицина, економија)
- Минимум 5 години работно искуство во набавка во фармацевтска индустрија
- Искуство во водење тим
- Одлични организациски и аналитички способности
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини
- Познавање на англиски јазик
- Напредно користење на MS Office (Excel)
Клучни одговорности:
- Управување и координација со тимот за набавка
- Планирање и реализација на набавка на фармацевтски производи
- Следење на залихи и обезбедување оптимално ниво на залихи
- Комуникација и преговарање со домашни и странски добавувачи
- Контрола и проверка на потребни одобренија
- Анализа на продажба, залихи и потреби за набавка
- Оптимизација на процесите на набавка и управување со трошоци
- Соработка со магацин и финансии
- Подготовка на извештаи и анализи за менаџментот
- Учество во креирање на стратегија за портфолио и развој на категории
Што нудиме:
- Стимулативна плата и бенефиции
- Исплата на сите додатоци на плата
- Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
- Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
- Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и обуки
- Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
Пријави се