Специјалист за персонална администрација
Македонија
Дирекција - канцеларии
Самостојно
Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: Специјалист за персонална администрација

Потребно е искуство во следните задачи и одговорности:
- Изготвување Договори и Анекси за вработување
- Пријава/Одјава на вработени во АВРСМ
- Водење на персонални досиеја на вработени
- Познавање и искуство со работа во ЧР софтвер
- Изготвување документи за прераспределба на вработени и поднесување во институции ФЗОМ и Малмед (физички)
- Следење на промени во законската регулатива и програми на релевантните институции
- Соработка со инспекции од инспекторат на труд, јавно здравје и други релевантни институции
- Поднесување потребна документација до релевантни институции
- Изготвување на одлуки, решенија и известувања од областа на работни односи
Посакувани карактеристики:
- Високо образование
- Работно искуство во областа на Човечки ресурси – персонална администрација
- Работа со голем обем на податоци и ориентираност кон детали
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
- Возачка дозвола Б категорија
Очекувани вештини и способности:
- Развиени организациски и комуникациски способности
- Самоиницијативност во извршувањето на работните задачи
- Професионален и позитивен однос
- Способност за тимска работа
Што нудиме:
- Стимулативна плата и бенефиции
- За најдобрите вработени – наградно патување
- Исплата на сите додатоци на плата
- Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
- Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
- Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
- Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
Пријави се