Комерцијалист за набавка на лекови
Македонија
Дирекција - канцеларии
Самостојно
Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА ЛЕКОВИ
Потребни квалификации:
- Фармацевтско образование
- Работа во делот на набавка-фармација ќе се смета за предност
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Windows и MS Office
- Прецизно и точно управување со информации, податоци, документи
- Одлични комуникациски вештини
- Способност за ефикасно работење во динамична атмосфера
- Високо развиени аналитични способности
- Возачка дозвола Б категорија
Одговорности:
- Активно следење на пазарот и трендовите во каналите на дистрибуција
- Креирање и евалуација на развојните стратегии на производите во синергија со движењето на пазарот
- Преговарање и одржување на квалитетни односи со добавувачите
- Набавка на оптимална количина на производи по најдобри цени во најкраток рок
- Координација на активности во процесот на набавка на производи за понатамошна продажба
- Управување со залихите, правовремено реагирање на потенцијалните проблематични залихи
- Реализација на плановите за продажба на производи
- Пласман на производите на пазарот во соработка со Дирекција за Маркетинг и Дирекција за Широка потрошувачка (ценовник, веб, портал…)
- Планирање и организација на промотивно – продажни акции
- Изготвување на извештаи и репортирање до сите релевантни страни во процесот
Што нудиме:
- Стимулативна плата и бенефиции
- За најдобрите вработени - наградно патување
- Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
- Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
- Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
- Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)
Работа во делот на набавка-фармација ќе се смета за предност!
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
Пријави се