Специјалист за набавка - категорија лична нега (Procurement Specialist - Personal care)

Македонија
Комерција
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: Специјалист за набавка – категорија лична нега (Procurement Specialist – Personal care)
 
Потребни квалификации:
 
  • Високо образование
  • Искуство во набавка минимум 3 години / категори менаџмент 
  • Познавање на производи за лична нега ќе се смета за предност
  • Одлични аналитички способности и работа со податоци
  • Преговарачки и комуникациски вештини
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Напредно користење MS Office
Клучни работни обврски:
 
  • Целосно планирање и реализација на набавки за категорија лична нега
  • Преговарање со добавувачи и управување со комерцијални услови и договори
  • Управување и оптимизација на асортиманот во категорија лична нега
  • Следење и намалување на out-of-stock ситуации и прекумерни залихи
  • Подготовка на извештаи и анализа за перформанс на категоријата
  • Воведување нови производи и брендови
  • Рокови и навремена испорака на производи
  • Координација и соработка со продажба, маркетинг и логистика
  • Усогласеност со интерни процедури, политики и стандарди
  • Одговорност за перформансот на категоријата во однос на продажба, маржа, залихи и достапност на производи, согласно дефинирани KPI
Што нудиме:
 
  • Стимулативна плата и бенефиции
  • За најдобрите вработени – наградно патување
  • Исплата на сите додатоци на плата
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
  • Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и обуки
  • Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.

 

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

FledgeHR © 2026
Cookie consent Политика за приватност