Специјалист за управување со залихи

Македонија
План и анализа

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: Специјалист за управување со залихи 

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование
  • Работно искуство во областа на фармацијата ќе се смета како предност
  • Пожелно е познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Windows, MS Excel и  PowerBI

 

Основни задачи и одговорности:

  • Обезбедување на оптимална залиха во аптеки, преку следење и модифицирање на процедурите за управување со залихи
  • Зголемување/намалување на залиха во аптека со цел да се следи трендот на продажба
  • Зголемување/намалување на залиха во аптека на барање од Малопродажба и комерција
  • Дефинирање на нови артикли во аптеки (прво позиционирање)
  • Дефинирање на почетна залиха при отварање на нова аптека

 

 Потребни вештини и способности:

  • Развиени организациски и комуникациски способности
  • Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи
  • Ориентираност кон остварување резултати и наоѓање решенија
  • Професионален и позитивен однос
  • Флексибилност за работа во динамична атмосфера
  • Способност за тимска работа

 

Што нудиме:

  • Стимулативна плата и бенефиции
  • За најдобрите вработени – наградно патување
  • Исплата на сите додатоци на плата
  • Работно време: Понеделник – Петок (флексибилно работно време) 
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура 
  • Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки 
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing) 

 

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

FledgeHR © 2026
Cookie consent Политика за приватност