Асистент на продажба - промотер на козметика (Прилеп, Битола, Крушево)

Македонија
Аптеки
Стручно

Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА - ПРОМОТЕР НА КОЗМЕТИКА (ПРИЛЕП, БИТОЛА, КРУШЕВО)

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ССС
  • Минимум 3 години работно искуство со козметика
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б-категорија

 

ГЛАВНИ ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА ПОЗИЦИЈАТА:

  • Промоција и продажба на козметички производи
  • Вршење мерење за остеопороза со ултразвучен апарат Sunlight Omnisense
  • Вршење мерење на витаминско-минерален статус со апарат VitaStiq

ШТО НУДИМЕ:

  • Солидна плата по договор
  • За најдобрите вработени - наградно патување
  • Ментор за обука и воведување во работата
  • Пријатна работна атмосфера и тимско работење
  • Службено возило 
  • Настани и активности за добросостојба на вработените  

 

Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.

Пријави се

Прилози

Заштита на лични податоци *

FledgeHR © 2026
Cookie consent Политика за приватност