Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: Референт за Јавни Набавки
Твојот ангажман за позицијата:
- Следење на барања од Јавните здравствени установи (ЈЗУ)
- Подготвување на понуди за ЈЗУ
- Следење на јавно отварање
- Дефинирање на добиени делови (лекови) и организација на потпишување на Договорите со јавни установи
- Обезбедување на потребни лекови за ЈЗУ (правење на нарачка од производител)
- Следење на продажба за ЈЗУ (организирање на нарачка и испорака од и до болници)
- Следење на плаќања од страна на ЈЗУ
Потребни квалификации:
- Високо образование (предност ќе имаат доктор, фармацевт или правник)
- Работно искуство: Претходно работно искуство во изработка на тендерска документација, архивирање на документација, административно работење и сродни работи ќе се смета за предност
- Задолжително добро познавање на англиски јазик,
- Одлично познавање на MS Windows и MS Office,
- Положен возачки испит (Б категорија)
Кои ќе бидат твоите придобивки:
- Обезбедени и континуирани обуки за усовршување
- Можност за кариерен развој во позицијата
- Oрганизациска култура со тимски дух каде се вреднува иницијативноста и ангажманот
- Настани и активности за добросостојбата на вработените
- Конкурентна плата и дополнителни надоместоци
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
Пријави се